БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Не помагаат постојаните апели и прес конференции на опозициската ВМРО-ДПМНЕ: Делчево пак под отровни гасови!

Пренеси го гласот

Во изминатите недели како и во годините наназад, опзициската ВМРО-ДПМНЕ постојано ги алармираше надлежните за опасноста од отровните гасови кои што се емитираат од градската депонија над Делчево, кои што многу лесно и при најмал ветар се шират низ населбите во градот Делчево како и околните села.

Во текот на вчерашниот ден во градската депонија можеа да се забележат огнени пламени а состојбата е повеќе алармантна со речиси целата површина на депонијата кај месноста Црна Скала.

Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево упатија уште една порака до надлежните како и градоначалникот Горан Трајковски кој што е најодговорен за ваквата лоша состојба:

“Додека си молчите многу брзо ќе дојде денот кога за ова ќе одговарате!🫵🫵🫵

-напишаа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук.

Не помагаат ни постојаните апели на делчевчани кои што реагираат преку социјалнните мрежи постојано, без никаков успех кај надлежните за надминување на состојбата

Креирано од:


Пренеси го гласот