БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општина Штип во моментот работи на 710 метри должина на улици во населбата Стар Караорман

Пренеси го гласот

Според информациите пласирани преку фејсбук страната на Општина Штип, во моментот од страна на општината се работи на инфраструктурно уредување на краци од улици во населбата Стар Караорман.

Во моментов тече првата фаза, којашто е фокусирана на ископување и тампонирање на улиците, а чијашто реализација чини 620.000 денари. Опфатени се 710 метри должина од улиците, односно 2000 m2.

-соопштуваат од општината, притоа додаваат:

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за обезбедување дополнителни средства за асфалтирање на овие улици и дополнителни уште 500 метри улици, со што целата населба Караорман ќе биде со квалитетна инфраструктура, со тампонирани и асфалтирани улици и со тротоари.

Притоа од страна на општинската администрација уверуваат дека крајот на годинава ќе успеат да ги решат сите инфраструктурни проблеми во оваа населба, за граѓаните да имаат услови за пристоен живот еднакво на територија на цела општина Штип.

bregalnickimarketing

Извор: Фејсбук

Креирано од:


Пренеси го гласот