Со солистички концерт на сопранот Елена Голомеова утре (петок 29.06.2018) со почеток во 20.30 часот на Големата сцена во Домот на културата “Ацо Шопов” во Штип ќе започне овоодинешната манифестација Штипско Културно лето 2018.
Елена Голомеова е интернационална оперска пеачка која потекнува од Македонија а живее и работи во Франција.

За помладите генерации кои растеа во деведесетите години Елена е позната по песната” Тина Татина” која ја отпеа на еден детски фестивал. Со помош на Амбасадата на Франција во Македонија имала привилегија да се запише на студии во Франција по што започнува нејзината интернационална кариера.
Во рамките на 15-тина денови на културни случувања општината Штип е една од најбогатите во регионот со културна понуда во споредба со останатите општини.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
43 годишна жена од Берово физички нападната од нејзиниот сопруг