БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Организацијата Обединети Македонци во Канада во чест на 153. роденден на апостолот Гоце Делчев

Пренеси го гласот

Торонто – 1 февруари, 2025. По повод сто педесет и третиот роденден на македонскиот современ апостол, Гоце Делчев, Организацијата Обединети Македонци во Канада по 52-ри пат ја одджа својата традиционална Гоцева – комитска вечер. Свечениот банкет се оддржа во големата сала при македонската православна црква “Свети Климент Охридски“ во Торонто. Богатата културно-уметничка Програмата ја водеше Никола Делов, додека вечерата беше благословена од свештенослужителите Стеван Груевски и Илија Донев.

Водителот Никола Делов ја отори свечената програма со краток осврт за значењето на Гоце Делчев во поновата македонска историја.

Прв говорник беше претседателот на организацијата Ристо Дурловски, кој ги поздрави присутните гости честитајќи го роденденот на Гоце Делчев потсетувајќи дека со овој свечен банкет „да му искажеме длабока почит кон него и кон неговите соработници и соборци кои гинеа за нивното македонско дело“ и дека „ние денес, нивните потомци нема да отстапиме од трасата на славните Илинденци. Ќе се бориме на најдобар начин да ја заштитуваме и промовираме нашата прва татковина насекаде во светот.“

Иако, почесниот поканет гостин за банкетот, г-динот Фикрет Сак, како претставник на Македонците во Турција, не присуствуваше заради не добивањето виза од канадската амбасада, неговиот говор го прочита водителот и истиот со воодушевување беше примен од присутните.

Потоа следуваше настапот на поетесата и долгогодишна учителка, Блага Дафовска, која во името на литературното друштво „Браќа Миладиновци“ прочита своја творба за Гоце Делчев. По тоа, претседателот Дурловски на Блага Дафовска и врачи Повелба за нејзиното 50. годишно учителствување и всадување љубов кон македонскиот јазик кај младите Македонци во нашата средина. За возврат, Дафовска му подари на Дурловски примерок од својата најнова книга.

За завршницата на свечената програма се потруди Тони Марковски, кој се претстави со своја творба за Гоце Делчев.

За забавниот дел на Гоцевата – комитска вечер, кој траеше до доцна во ноќта, задолжени беа членовите на групата „Децата од Буф“.

Извор: Фејсбук

Креирано од:


Пренеси го гласот