Во насока за подобрување на наставата во основните училишта во Кочани согласно новата концепција за основно образование, денеска беше ставена во употреба нова компјутерска опрема на располагање на учениците во рамки на образовниот процес. Основните училишта во Кочани добија на располагање 65 нови таблет компјутери за употреба од страна на ученици во 4-то и 5-то одделение кои што изучуваат дигитални содржини а се од ранливи категории на граѓани.
Во текот на денешниот ден градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов во присуство на директори и вработени од училиштата изврши примопредавање на овие 65 таблети наменети за основните училишта од општината.
Распоредот и бројот на наменетите таблети е изготвен од страна на Министерството за образование и наука, согласно претходно доставените барања до МОН од страна на училиштата.
-информираат од општина Кочани.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поранешен директор и раководител во ЈКП “Брегалница” Делчево добија кривични пријави за штета од над 7.5 милиони денари
Превентивни активности на СВР Велес, СВР Штип и РЦГР Исток за безбеден сообраќај и спречување на употреба на пиротехнички средства
Пожар на оџак во зграда во Штип причина за поголема материјална штета