БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Откако Соња Михајловска гласаше против изградба на нов експресен пат кон својот град, сега прашува за нова автобуска линија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратеничката од редовите на СДСМ Соња Михајловска избрана од граѓаните на Делчево на последните парламентарни избори во 2020 година, пред некој ден гласаше против предлогот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за изградба на нов експресен пат кон нејзиниот град, во рамки на комисиската расправа за ребалансот на буџетот за оваа година.

БАРАЊЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ КОЧАНИ- ДЕЛЧЕВО ПРЕКУ КАЛИМАНСКО ПОЛЕ

ВЛАСТА НА СДСМ И ДУИ ГО ОДБИ АМАНДМАНОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ЕКСПРЕСЕН ПАТ ДЕЛЧЕВО-КОЧАНИ (ПРЕКУ КАЛИМАНСКО ПОЛЕ

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во рамки на денешната пленарна седница пратеничката Михајловска го афирмираше прашањето за воспоставување на јавна автобуска линија на релација Делчево-Скопје кое што како предлог проект беше предвидено во предизборната програма на кандидатот за градоначалник на Делчево Николчо Стојменовски од ВМРО-ДПМНЕ на последните локални избори лани.

Суштината на проблемот за непостоење на редовна автобуска линија Делчево-Скопје е во нерентабилноста на функционирањето на оваа линија поради нелојалната конкуренција која се јавува во услови кога ваква линија егзистираше. Во интерес на решавањето на проблемот е зголемување на ефикасноста на локалните и централните инспекциски служби во тој дел, но и воведување на модел за субвенционирање во соработка со приватен сектор, кој секако може да го пронајде својот интерес во една ваква субвенционирана автобуска линија. Од овие причини решавањето на проблемот за воведување на редовна автобуска линија Делчево-Скопје е покомплексен од поставување на пратеничко прашање како тоа што го прави пратеничката Соња Михајловска и паушално одговарање без особен интерес и залагања за негово решавање од страна на министерот Бочварски.

Секако дел од проблемот за непостоењето и нерентабилноста на оваа автобуска линија се и постојните сообраќајни услови на патот Делчево-Кочани поради постоење на физички опасности од одрони на карпи, голомразици, голем број на кривини и лош терен на трасата, против чие решавање гласаше токму пратеничката Соња Михајловска од владеачката СДСМ.

За вајвата состојба реагираа и од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево чиј што проект беше предложен во програмата на кандидатот Стојменовски на последните локални избори од оваа партија.

“Се познава дека пратеничката на СДСМ, Соња Михаиловска од Делчево многу добро ја има читано програмата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Градоначалник на Општина Делчево, Николчо Стоименовски, во која беше опфанат и овој значаен проект за граѓаните на Општина Делчево и за кој нејзините сопартијци од СДСМ Делчево гледаа со потсмев и неверување, што се докажува со самиот факт дека овој проект го немаше во програмата на кандидатот за градоначалник на СДСМ.

Убаво е што пратеничката Соња Михаиловска конечно го препозна овој проект на ВМРО-ДПМНЕ како важен проект за потребите на граѓаните на Општина Делчево, но уште поубаво ќе беше тоа да го стореше и со гласање во Собранието на Република Македонија, на неколкуте предлози за изградба на нов патен правец Делчево-Кочани предложен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и со кој и те како ќе се решат целокупните проблеми со транзитирањето на граганите на Општина Делчево. За жал овој предлог беше одбиен од Владата на СДСМ а Михаиловска и до ден денес упорно молчи.

За потсетување е и фактот дека пратеничката на СДСМ, Соња Михаиловска од Делчево, доби огромни 661 527 денари само од надоместок за патни трошоци! Сума со која можат да се покријат голем дел од средствата за предлогот кој го предлага.”

-соопштуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево во врска со обраќањето на пратеничката Соња Михајловска во јавност.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace