БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ова е последната лопата фрлена од актуелниот премиер. Следува оставка па наследник: Талат Џафери

Пренеси го гласот

Премиерот Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на одбележувањето на подготвителните активности за изградба на Лидл логистички и дистрибутивен центар во Северна Македонија во индустриската зона Речица во близина на Куманово, каде имаше и свое обраќање.

Со денешниот свечен чин германската компанија ЛИДЛ ја започна изградбата на современиот логистички и дистрибутивен центар која што изнесува 80 милиони евра.

Иградбата на овој модерен логистички центар треба да служи како центар за снабдување на синџирот ЛИДЛ маркети во нашата држава, кои што веќе работат низ државата.

На овој начин премиерот Ковачевски ја одбележува својата последна фрлена лопата преку која сака да упати порака до граѓаните, по што следува негова оставка и избор на негов наследник Талат Џафери од ДУИ.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот