БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Параглајдеристи од Украина изгубија контрола и паднаа на Галичица

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Параглајдеристи од Украина од засега непознати причини, изгубиле контрола додека летале над Галичица и паднале на падините на планината, во близина на Mакедонско-албанската граница.

Инцидентот се случил околу 15 часот, по што веднаш биле алармирани Националниот парк и екипата за спасување на планина и непристапни терени на Црвениот крст – Охрид, кои се упатиле на местото на настанот и трагаат по параглајдеристите.

Како што дознаваме, со GPS било утврдено дека параглајдеритите паднале 650 метри на аллбанска територија. Македонската гранична полиција веднаш стапила во контакт со колегите од Албанија заради координација околу спасувачката мисија која е во тек. – информира OhridNews.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Според првичните информации еден од параглајдеристите се здобил со тешки телесни повреди, а другиот со полесни.

Украинските параглајдеристи, биле туристи кои самоиницијативно, без соодветна логистика се упатиле во опасна авантура, дотолку повеќе што временските услови за летање со параглајдер не биле добри, поради неповолен и силен ветер, на што биле предупредени од искусни македонски летачи, кои од тие причини ги откажале своите летови и се симнале од Галичица. Истрагата  која ќе следи ќе треба да утврди дали тие имале дозвола за летање и дали биле искусни летачи.

Креирано од:


Пренеси го гласот