БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Стартува летната културна манифестација „ПЕТРОВДЕНСКИ КОНАЦИ“ во Кочани

Пренеси го гласот

Со танго-концертот на камерниот состав „Виварт“ и ликовниот перформанс на академската сликарка Андијана Мациев, во Кочани почна културната манифестацијата „Петровденски конаци“.

Четиричлениот ансамбл со карактеристичен звук и тонска боја, во чиј состав се мецосопранот Александра Коцевска, пијанистката Билјана Петровска, виолинистката Милена Тодороска Мургоски и контрабасистот Зоран Павловски, прикажа спој на класичната школа и популарната музика. За концертот во Кочани, членовите на „Виварт“ одбраа дела на Карузо, Освалдо, Сантос, Мартини и други автори.

– Манифестацијата „Петровденски конаци“, што годинава ја организираме по тринаесетти пат, е наш придонес кон продолжувањето на традицијата за одбележување на празникот Петровден. Со многубројните културни содржини и жанровската разновидност во овогодишната програма, се надеваме дека нашите граѓани и гостите ќе уживаат во понудата. Настапот на познати имиња од театарската, музичката, литературната и ликовната уметност нека бидат мост меѓу исконското и современото, меѓу празнувањето и уметноста, истакна на отворањето на манифестацијата, градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Креирано од:


Пренеси го гласот