БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Планот на “режисерот” за разнебитување на ВМРО а со тоа и Македонија

Пренеси го гласот

Налетавме на интересен статус на фејсбук преку кој малку на поинаков начин се пренесуваат повеќе аспекти во врска со актуелната особено комплицирана политичка ситуација во Македонија.

Го пренесуваме статусот во целост:

Го користам овој момент да се обратам до ,,комити” . Дечки морам да ви признам дека пред се и на прво место вие ми сте фанови па после тоа Вардар. Искрено да ви кажам дека сум горд на вас кога гледам како си ја сакате Македонија, бидејќи и јас сум на иста линија со вас ни помалку ни повеќе баш на иста и од тие причини можам слободно да ве наречам браќа и тоа браќа по идеологија затоа што идеолошката матрица ни е иста. Сакам да кажам дека како и вие така и јас си ја сакам Македонија и верувајте би дал се за неа ама кога викам се тоа значи во буквална смисла на зборот дури и животот свој. Ама дечки ке си дозволам да ја искоментираментирам политичката ситуација во Македонија од моја гледна точка а верувајте ја анализирав многу детално. Таа е следнава: Лицето Зоран Заев без воља на народот односно кога би погледнале подобро тоа е со мнозинство гласови или 69 пратенички мандати од вкупно 120 потпишува и изгласува договор за капитулација на Македонија а притоа никој од нас не побара нивна одговорност за тоа што сме ги гласале и сме ги довеле на власт туку сите ние се свртивме кон опозициската ВМРО ДПМНЕ и ја бараме поддршката од лидерот Христијан Мицкоски да излезе на улица и да го поведе народот напротести. Меѓутоа кога би ја анализирале ситуацијата подетално и би погледнале задните намери на режисерите тоа би изгледало вака:
Сцена 1:
Верните комити подбуцнати од службите излегуваат на улица и своето незадоволство го изразуваат преку своето демократско право протест, во толпата режисерите инфилтрираат ,,удбаши” и платеници кои треба да одглумат во корист на режисерот со тоа што ке иницираат конфликт со полициските службеници и нас односно вас – комити ке ве прогласат за радикално и крајно непресметливи лица и тоа хунтата ке го искористи и ке не испоапсат за учевство во толпа и нарушување на јавен ред и мир, и пази нема да уапсат било кој туку водачите.
Сцена 2:
Режисерот е свесен дека доколку го скрши ВМРО ке ја скрши Македонија па од тука иститетие служби со уште неколку платеници и профитери ја потпалуваат толпата и го повикуваат ВМРО ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски да повика на протест односно да даде поддршка на комити и да ја повторат сцена 1 само што тука би го уапсиле врвот на партијата и со тоа би се пазареле со претседателот Горге Иванов да ја прифати капитулацијата за замена за слободата на раководството на ВМРО ДПМНЕ и комити.
Сцена 3:
Оваа сцена ке дојде допрва а тоа е бунт во редовите на ВМРО ДПМНЕ предизвикан од платениците со желба да станат лидери на ВМРО и службите со цел да го уништат ВМРО ДПМНЕ а сите ние добро знаеме без силно ВМРО нема стабилна Македонија.
Сосема на крај би сакал да кажам дека овој договор без ВМРО ДПМНЕ НЕМОЖЕ да поминебидејќи претседателот Иванов треба да го парафира. За да не го парафира ова капитуланско решение на Зоран Заев ние сите мораме да бидеме разумни и трпеливи и да не потпаѓаме под предизвиканите емоции од некои служби и од неколкуте платеници и профитери инфилтрирани во нашите редови и да не им дозволиме на режисерите да се пазарат со претседателот Иванов за нашата и вашата слобода. Покрај непотпишувањето на капитуланскиот договор од страна на претседателот на Р.Македонија следи и вториот чекор а тоа се уставните промени кои произлегуваат од овој договор кои што неможе да се остварат без 2/3 мнозинство односно не се можни без ВМРО ДПМНЕ. Овој последен дел е дел кој што лидерот на ВМРО ДПМНЕ го потенцира неколку пати и вика дека ВМРО ДПМНЕ ке се бори институционално и нема да дозволи да затвараат наши браќа и сестри кои што се заведени од страната на режисерот. Затоа мои браќа комити сметам дека не треба да потпаѓате и да потпаѓаме под провокации и предходно исценирани сценарија за пропаст на нашата света Библиска земја МАКЕДОНИЈА.

Креирано од:


Пренеси го гласот