Пратениците од ПГ на ВМРО-ДПМНЕ денес остварија средба со повеќе заинтересирани и засегнати страни од настанатата ситуација со Законот за трговија на зелени пазари.
На средбата со пазарџиите, организаторите на зелените пазари, Стопанската комора на Македонија и Комората на трговци, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ги повторија своите ставови и заложби за укинување на постоечкиот Закон за трговија на зелени пазари.
Според пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предлогот за одложување на примената на законот е ветување кое има за цел да го намали револтот на пазарџиите во пресрет на изборите.
ВМРО-ДПМНЕ ќе бара одржување на јавна расправа преку која заедно со сите засегнати страни ќе се изнајде фер и достоинствено решеније за пазарџиите.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар