Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов се придружи на комеморативниот марш за одбележување на 80 годишнината од грабнувањето и носењето на над 500 штипски Евреи во логорите на смртта од страна на тогашните бугарски окупатори на овој дел од Македонија.
“Осумдесет години гибел по нашите сограѓани, за кои се сеќаваме со грутка во грлото и тага во срцето!
На 11 Март 1943 година, над 500 Евреи, пред да зазори зората, беа однесени со пеколните возови кон нивната сигурна смрт.
Денес, ние новите генерации, го возвишуваме споменот за Евреите, кои биле дел од нашите маала и секојдневно работиме за подобар живот во времето во кое живееме!
Вечна им памет!”

-соопшти градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов зза одбележувањето на овој мрачен настан од историјата на Втората Светска Војна.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Влатко Јефтимов и Мирче Павлов прогласени за најуспешни пожарникари во Кочани за минатата година
Потпишан договорот за поврзување на Виница со Пречистителната станица за отпадни води во Мојанци
Санација и реконструкција на оштетени шахти на коловозите во Кочани