БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Започна ера на озеленување и пошумување на општина Штип за здрава и хумана животна средина за граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Изминатиот период во општина Штип беа реализирани голем број на активности за култивирање и истакнување на зелените- хуманизирани јавни површини насекаде низ градското јадро но и низ населбите на територијата на Штип.

Денеска од страна на градоначалникот Иван Јорданов заедно со вработените во локалната самоуправа и јавните претпријатија беше реализирана поголема акција за засадување на неколку илјади нови садници на црн бор.

Локацијата “Кумлак” денеска беше цел на оваа акција која што претставува само “пробивање на ледот” за засадување на големи површини со нови дрвни садници на уште поголеми површини во периодот кој претстои.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За градоначалникот Јорданов оваа акција но и сите активности кои што ги најавува дека ке следува во наредниот период се од суштинско значење за поголема грижа и одговорност кон животната средина која што ширум регионот е девастирана како резултат на огромните пожари кои ги затекнаа пред 2 години тогашните влати, но и немилосрдната сеча на шумскиот фонд од страна на поедини структури во државата.

“ПОСВЕТЕНО, ЗА ПОЗЕЛЕН ГРАД!

Денес вработените во Општина Штип и јавните претпријатија, реализираа заедничка акција за засадување на неколку илјади садници црн бор на месноста „Kумлак”. Со оваа акција ќе ги зголемиме зелените површини, позитивно ќе влијаеме за почист воздух во нашиот град и подигнување на јавната свест, а ќе го унапредиме квалитетот на животната средина, преку пошумување и раззеленување на градот и околината.

Исто така би сакал да потенцирам дека оваа акција ќе биде само почеток на низа активности во периодот што претстои, со што ќе создадеме услови за пошумување на поголеми површини на територијата на Општина Штип, бидејќи единствен одбранбен систем и механизам за здрава средина се зелени површини насекаде околу нас.”

-соопшти градоначалникот на Штип Иван Јорданов по повод денешната акција.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace