БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Прес на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателката на Комисијата за култура при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани, денеска одржа прес конференција на која беа афирмирани повеќе мерки за спас на културата значајни за граѓаните на Кочани!

Кристина Атанасова Арсова ги обвини надлежните власти за неисполнување на ветувањата во областа на културата со што како дејност истата е доведена на последно место по приоритет.

Во продолжение го пренесуваме интегралниот текст на Кристина Атанасова Арсова:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Градот кој некогаш важеше за најчист град и за град на театарот, е град кој денеска за жал ги изгуби и двата епитета! Доаѓа крајот на трендот на непочитување на културата.

Почитувани сограгани,
Власта и Градоначалникот не си го одржаа своето програмско ветување Кочани да добие професионален театар до крајот на 2019, година во која центарот за култура воопшто немаше сопствена продукција.
Но, исто така година во која беше вработен режисер за чија работа нема ниту еден вработен актер.
Уште потажно е што на шеесетгодишнината од постоењето на ДАФ немаше кочанска театарска претстава. Се поставува прашањето – Зошто?
Ке ви одговорам:
-Затоа што се затворени вратите на оние кои сакаат да го негуваат аматеризмот. На чело се поставуваат некомпетентни кадри кои воопшто не го познаваат кодексот на културата и театарот.
Овој град има дипломирани актери , режисери, драматурзи, но факт е дека овие луге својата егзистенција ја бараат во театрите низ државата , а не во својот град.
Факт е дека културата им е на последно место на оваа власт! 🇲🇰Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ке стави крај на овој тренд на непочитување на културата.
За таа цел, деновиве промовиравме мерки за спас на културата, мерки кои се од особено значење за развојот на културата во нашиот град , а тоа се:
🔺Зголемување на инвестициите од 3.7% на 5% од БДП; 🔺Намалување на ДДВ од 18 на 5% во културата
🔺Дигитализација на културното и уметничкото наследство
🔺Инвестиција во македонски брендови и креативни индустрии
🔺Делегиран буџет за културните установи
🔺Стимулирање на бизнис секторот да инвестира во културата
Ова се само дел од пакет мерките кои ке допринесат за обнова на културата во државата но и во градот кој некогаш важеше за најчист град и за град на театарот, денеска за жал ги изгуби и двата епитета!
Време е да се стави крај на несовесно и неодговорно однесување на кадрите на сдс кон културата. Оние кои никако неможат да научат како да се однесуваат културолошки кон општеството и своите сограгани , ке си одат на 12ти април, по што ке следува обнова на Македонија и обнова на културата.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace