БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Прес на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе

Пренеси го гласот

Во продолжение интегрално гja пренесуваме прес конференцијата на Владев Дејан од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе:

Почитувани сограѓани,

Повод за овој прес се последните прес конференции на градоначалникот Сашо Велковски и претседателката на СДСМ. На овие пресови повторно со дрва и камења се маваше по ВМРО-ДПМНЕ бидејки најлесно е да се напаѓа барајки алиби за нивното неработење и неостварување на ветените проекти. Бродот наречен СДС тоне и ќе продолжи да тоне другари и другарки од СДС и на крајот ќе потоне многу длабоко поради вашите лоши политики. Молчевме до сега не сакајки да даваме кредибилитет на еден од послабите градоначалници по реализирани проекти во историјата на општина Свети Николе кој ќе остане запаметен по тоа што секогаш му е виновно ВМРО ДПМНЕ,бидејки ние и само ние сме му криви за своите лоши политики и нереализирани проекти. Тој ќе биде запаметен и ќе влезе во историјата на нашата општина како градоначалник што исто мало плоштадче во центарот на градот два пати го има поплочувано со бекатон плочки. Ајде да ги соочиме аргументите другари и другарки од СДС за проектите што ги наследивте, а пак за претходно реализираните проекти од ВМРО ДПМНЕ можете само да сонувате.

Прво…Ветивме и остваривме Автопат Штип-Свети Николе –Скопје со кој огромна придобивка имаат граѓаните на нашата општина, со ова по логиката на градоначалникот сме му наштетиле нели?

Втората работа со која ВМРО ДПМНЕ му има наштетено на овој градоначалник беше инвестицијата на ГРАДСКИ ПАЗАР, којшто е дел од договорот потпишан декември 2014 од тогашната влада на ВМРО ДПМНЕ , грант потпишан од тогашниот министер на финансии Зоран Ставрески и претставници на Светска банка за ЕУ, со цел на секоја општина да и се доделат 260 000 евра за како ИПА грант за рурална инфраструктура. Да така е ВМРО ДПМНЕ успеа да „наштети“ со обезбедување на 260 000 евра за Свети Николе.

Трето…Една од последните слики на профилот на градоначалникот е за Реконструкцијата на Прочистителната станица за отпадни води за каде ВМРО ДПМНЕ повторно му има наштетено на другарот Сашо со 11 милиони денари обезбедени преку ИПА програмата за меѓугранична соработка со Грција. Замислете,јавниот повик е од 7 декември 2016 година така да ВМРО ДПМНЕ аплицирале и ГИ ДОБИЛЕ овие пари се со цел да можат да објавуваат слики на своите профили фалејќи се со туѓи проекти,нормално.

Четврто…Набавката на БАГЕР за ЈКП Комуналец Свети Николе е ГРАНТ награда за општина Свети Николе како резултат на успешно реализиран проект –реконструкција на улиците Крсте Мисирков и Младинска,колку за појаснувње само успешно реализираните проекти добиваат ваков грант.Замислете ВМРО ДПМНЕ повторно му наштетиле на градскиот татко со тоа што му обезбедиле грант од 4 милиони денари,нормално за да може да се фали со нешто и да се стават слики на својот фб профил.

Петто…ВМРО ДПМНЕ ви остави проекти и пари Преку Договорот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската Инвестициона Банка за заем по Проект „Водоснабдување и одведување на Отпадните води“ од 2010 година потпишан помеѓу Министерот за финансии и претставникот на Европската Инвестициона Банка Петер Зајц, каде Општините во Македонија добија 50 милиони евра средства до кои Вие како градоначалник ќе имате можност да искористите над 500 илјади евра за Општина Свети Николе за изградба на канализиции и водовод, проекти со кои Вие ќе се сликате, жалејки се на „наштетувањето“ од ВМРО ДПМНЕ, се надеваме единствено дека ќе кажете колку тоа илјадници Евра ви „Наштетило“ ВМРО?

Предизборната кампања ја засновавте на фабриката за отпад фрлајки дрва и камења и јавно ветувавте дека се ќе направете да се запре овој проект кога ќе дојдете на власт. И … сега кога сте 2,5 години на власт брзате да ја започнете изградбата забравајки ги силно дадените ветувања.Се се заборава кога се дојде на власт нели?

Друга бенефиција со која ви наштети ВМРО ДПМНЕ е тоа што преку промена на закон Министерството за земјоделие ви овозможи допoлнителен приход по основ закупнина на земјоделско земјиште а сите знаеме дека Овчеполието е земјоделски крај. Граѓаните ги интересира како ги користете овие средства, дали имате инвестирано за патишта до земјоделските парцели,дали ќе има сточен пазар,иригациони системи итн. Досега такво нешто немаме видено.

Владата на ВМРО ДПМНЕ ја изгради спортската Сала Цар Самоил каде што пред некој ден градоначалникот организираше Зимски турнир во мал фудбал. Повторно штета за него од ВМРО ДПМНЕ, нели?

Треба ли да набројуваме уште…..a има уште многу ќе треба до утре да набројуваме.

На крајот од денот другари и другарки треба да дадете одговор на следите работи:

До каде е ветената гасификација до стопанските капацитети и домаќинства?

Каде е балон салата во СОУ Кочо Рацин?

Каде е новото крило на градинката и новите градинки во поголемите села ?

До каде е изградбата на нов пензионерски дом и реконструкција на старските домови по селата?

Каде е новиот мост кај Отпад и чистење на каналот во тоа место?

Кога ќе почне реновирањето на речното корито?

Каде се новите пожарникарни возила?

До каде е набавката на 2 возила за чистење на снег?

Каде е стационарот за кучињата скитници?Каде се детските игралишта? Треба ли уште да прашуваме?

Велите дека општината била оштетена.Само од кого … да не е од вас другари и другарки од СДС.

Јавно ве прашуваме дали огласот за централа на фотоволтаици го распишувате по едни услови а во текот на огласот ги менувате истите?

Дали поради тоа општината би била оштетена за 140 милиони денари или 2,25 милиони евра од која јавно се откажавте на совет? Јавноста има право да го знае ова.

На крајот бидејки е актуелен случајот со осветлувањето, сакаме да ве прашаме дали при раскинувањето на Договорот за улично осветлување тогашните советници од СДС гласале ЗА раскинување на истиот?

Сакаме да ве потсетиме дека во судската постапка претходното раководство на ВМРО ДПМНЕ го добива судскиот спор во првостепена постапка.

Дали вие сте го смениле адвокатскиот тим кој ја добил првостепената постапка и поставувате друг кој експресно го губи спрот? Дали ваквото менување на правниот тим на средина на судска постапка е нормална појава во спорови со голема вредност?

Граѓаните се прашуваат дали ова е намерно направено за некој да има корист од општината?

Дали во Владата на Република Македонија се има случено обид за медијација со фирмата тужител? Дали ова е намерно премолчувано за да се обезбеди корист некому?

Многу работи од овој случај се чудни и има многу неразјаснети работи за кои многу бргу ќе морате да дадете одговор.

Ние како одговорна политичка партија не сакаме да коментираме судски пресуди и да се мешаме во судството бидејки тоа е во спротивност со нормите на однесување во една европска држава кон која сите се стремиме,но моравме да ја запознаеме јавноста и со другата страна на оваа приказна.

Почитувани,

КАЗНАТА ДОАЃА……ОБНОВАТА НА МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА.

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ТОА ГО ЗАСЛУЖУВА, СВЕТИ НИКОЛЕ ТОА ГО ЗАСЛУЖУВА.

ЗАТОА НА ПРЕСТОЈНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ НА 12 АПРИЛ 2020 ГОДИНА ВЕ ОЧЕКУВА ТАКОВ ПОРАЗ КОЈШТО ДОЛГО ВРЕМЕ ЌЕ ГО ПАМЕТИТЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот