Одржливоста на урбаниот развој и урбаното планирање на јавни простори вклучува планирање и имплементација на стратегии кои обезбедуваат градовите или било која животна заедница или простор да се развиваат на начин кој ги задоволува потребите на сегашното население/популација без да се загрозат можностите, потребите и способноста на идните генерации да ги задоволат сопствените потреби за квалитетен живот. Одржливоста на урбаниот развој или регенеративна функционалност на јавните простори е концепт кој што е вкоренет во принципите на вкупниот одржлив развој, кој ги интегрира
- економските,
- еколошките и
- социјалните димензии на одржлив развој
Ќе започнам со неколку клучни аспекти/принципи на одржливиот урбан развој за овие три сегменти:
1. Одржливост на животната средина
Зелена инфраструктура: Инкорпорирање паркови, зелени покриви, урбани шуми и системи за управување со водите за подобрување на биолошката разновидност и подобрување на квалитетот на воздухот и водата.
Енергетска ефикасност: промовирање и имплементација на проекти за употребата на обновливи извори на енергија (како што се соларни и ветерни), подобрување на енергетската ефикасност на зградите и намалување на потрошувачката на енергија како и емисија на штетни гасови во околината.
Управување со отпад: Спроведување ефективни програми за намалување, рециклирање и компостирање на отпадот за да се минимизира влијанието на отпадот врз животната средина.
Јавен транспорт: Поттикнување на користење на јавен превоз, возење велосипед и пешачење наместо употреба на приватен автомобил за да се намалат емисиите на јаглерод и сообраќајниот метеж- бучава/емисија на штетни гасови/прашина.
2. Економска одржливост
Достапно домување: Обезбедување пристап до станови по прифатливи цени за да се спречи раселувањето и да се промовира социјалната еднаквост. Во делот за обезбедување на оптимални услови за домување потребно е да имаме поширок поглед на уредувањето на јавните простори. За квалитетен живот потребно е соодветно живеалиште, но и:
-квалитетна сообраќајница за брзо и безбедно поврзување
-комунална инфраструктура (водовод, канализација, енергетска и телекомуникациска мрежа)
-пристап до работа за задоволување на основни услови за живот,
-Пристап до квалитетно предучилишно и училишно образование,
-Капацитети за социјализација и културен развој,
-хуманизирани јавни површини и паркови со содржини кој ќе понудат конкретни услуги за одмор и рекреација.
За сето ова да биде ставено во функција потребно е создавање на
- Економски можности кои подразбираат создавање разновидна економија со можности за работа во различни сектори, вклучително и зелени работни места, за поддршка на флексибилна економска основа.
Инвестиции во инфраструктурата: Градење и одржување на инфраструктура што го поддржува економскиот раст, а притоа внимавајќи на влијанијата врз животната средина.
3. Социјална одржливост
Еднаквост и инклузивност: Обезбедување на функционалност за сите жители да имаат пристап до основните јавни услуги, како што се образованието, здравството и јавните простори, без оглед на социо-економскиот статус.
Ангажирање на заедницата: Вклучување на жителите во процесите на донесување одлуки за да се создаде чувство на сопственост и одговорност за локалниот развој.
Зачувување на културата: Заштита и промовирање на локалната култура и наследство и обезбедување на состојба за новиот развој да го почитува постоечкиот карактер на заедницата.
Особено важен дел во регенеративната функционалност на јавните простори е
4. Отпорност и адаптација
Климатска отпорност: Развивање стратегии за прилагодување на влијанијата од климатските промени, како што е потребата од справување со атмосферските врнежи кои може да предизвикаат поплави, екстремните временски настани и топлотните бранови.
Подготвеност за катастрофи: Подготовка за природни и вештачки катастрофи со имплементација на искуствени планови базирани на екпертско знаење кои што може ефикасно да се имплементираат, планови за одговор при итни случаи и инфраструктура која е подготвена да одговори на заканите од климатските промени.
Овде се наметнува потребата од имплементација на принцими и мерки кои ќе овозможат одржливост преку воспоставување на
5. Паметни градови и технологија за управување со системот за регенеративна функционалност.
Донесување одлуки засновани на податоци: Користење податоци и технологија за подобрување на процесите за урбаното управување, подобрување на испораката на услуги и оптимизирање на користењето на ресурсите.
Паметна инфраструктура: имплементација на интелигентни системи за транспорт, енергија и управување со вода за да се подобри ефикасноста и да се намали влијанието врз животната средина.
Во насока да ве стимулирам за конституирање на животни навики базирани на принципи на одржливост т.е. регенеративна функционалност како заклучок би посочил на неколку
Предизвици и размислувања кои треба да предничат во наредниот период во делокругот на нашите професионални и лични ангажмани:
Постигнувањето на одржлив урбан развој бара решавање на различни предизвици, како што се балансирање на растот со зачувување на животната средина, управување со урбаното ширење и обезбедување социјална еднаквост. Тој, исто така, вклучува соработка помеѓу владата, приватниот сектор и граѓанското општество за креирање политики и иницијативи кои се усогласуваат со целите за одржлив развој на регионално меѓународно ниво, национално или локално ниво на една општина или населба
Негативен пример бр.1: Неефикасен систем за справување со шумски пожари и пожари на отворен простор
-Мала организираност,
-Недоволно ресурси(опрема и човечки потенцијал)
-Популистички пристап со импровизации кон превенцијата (која речиси и да не постои) а особено во справувањето со конкретни кризни состојби,
-Огромни несогледливи штети,
-магичен круг на деградација на јавните простори
-Немање на воспоставен систем на искуствено учење.
2. Позитивен пример бр. 2: Имплементација на СМАРТ СИТИ системот за контрола на сообраќајниот метеж на крстосниците во Скопје
-намалување на емисија на стакленички ЦО2 гасови
-намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух,
-намалување на бучавата,
-Намалување на стрес и нервоза кај граѓаните
Генерален заклучок
Со фокусирање на овие области, градовите можат да станат попогодни за живеење, флексибилни и одржливи, обезбедувајќи висок квалитет на живот за нивните жители, а истовремено минимизирајќи го нивниот еколошки отпечаток.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Македонија, ЛЕЛЕ!
Штетничката влада на СДСМ и ДУИ донела противуставен закон кој во критичен момент ја поништува октроираното судство за да се продлабочи кризата во предизборна година
Како СДСМ повторно сака протестите на граѓаните да ги искористи за сопствени политички цели?