По некоја случајност, оваа наша мала земја низ вековите постојано раѓала личности кои го менувале текот на балканската, европската и светската историја.
Солунските браќа Кирил и Методиј несомнено се најголемите „виновници„ што јас денес можам да го напишам ова и вие можете да го прочитате.
Тоа се луѓето кои ја создадоа првата словенска азбука, односно им ја подарија писменоста на сите словенски народи.
Знаејќи го ова, понекогаш се прашувам- Со што заслуживме толкава омраза и непочит од нашите соседни земји?
Дали како возврат за нашиот најголем дар, азбуката, добивме поделби, поробувања, крадење на нашата историја, непризнавање на нашата нација, непризнавање на вековното име на Македонија и зголемени апетити за уште една поделба и конечно бришење на нашиот народ?
Пишува: Разловчанка Македонска