БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Реакција на Гувернерот на НБРСМ за печатењето на нови банкноти во вонредна состојба

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Откако во текот на денешниот ден објавивме статија во која го пренесовме ставот на Полковник Драган Ковачки кој се однесуваше на печатењето на нови банккноти од страна на Гувернерот на НБРМ, до нашата редакција пристигна реакција од страна на кабинетот на Гувернерот на НБРСМ.

Во писмената реакција доставена по електронски пат се наведуваат повеќе информации во кои се правда ваквата постапка на Гувернерот.

Во текстот на информацијата најпрво се наведува дека “централната банка води сметка за природниот животен век на парите,” па потоа дека печатењето на банкнотите од 10 и 500 денари било планирано уште во 2018 година а одлуката за нивно печатење била донесена уште во февруари 2019 година и дека тоа било редовен процес.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Суштинскиот дел од текстот на реакцијата од страна на кабинетот на Гувернерот доставена до нашата редакција го пренесуваме во продолжение:

“Една од законски утврдените задачи на централната банка е издавањето банкноти и монети. При остварување на оваа задача, централната банка води сметка и за природниот животен век на парите.

Издавањето на нови серии банкноти во апоени од 10 и 500 денари во текот на првата половина на оваа година беше планирано уште во текот на 2018 година, врз основа на среднорочните анализи за количини коишто се потребни заради редовна замена на книжните и кованите пари од постојните изданија, коишто се повлекуваат заради губење на карактеристиките за соодветност за оптек, како и заради обезбедување и одржување континуитет на воспоставениот редовен процес на снабдување со готовина. Накусо, станува збор за редовен процес, којшто е планиран поодамна, во согласност со процените во коишто предвид се има природниот животен век на парите кои веќе циркулираат во оптек.

Одлуките за издавање книжни пари во апоени од 10 и од 500 денари, Советот на Народната банка ги донесе на седницата којашто се одржа на 28 февруари 2019 година, а постапките за јавна набавка на банкнотите беа спроведени уште во вториот и третиот квартал на минатата година, имајќи ги предвид комплексноста и времетраењето на процесот на печатење пари. Притоа, во повеќе наврати, јавноста беше известена дека овие книжни пари, начелно се планира да бидат пуштени во оптек во текот на првата половина на оваа година, имајќи го предвид природниот животен век на парите.

Измените на одлуките за издавањето на парите во апоени од 10 и 500 денари, донесени на седницата на Советот на Народната банка одржана на 30 март се однесуваат исклучиво на измени на техничките димензии на некои од елементите на парите, коишто во процесот на подготовка за печатење е утврдено дека мора да се направат.“

Притоа во реакцијата на Гувернерот не е одговорено, дали поради Вонредната состојба во државата и економските потреси кои ќе следуваат најверојатно кај граѓаните и стопанството печатењето на новите банкноти можело да биде одложено а сретствата потребни за оваа постапка да се наменат за други приоритетни потреби?

Истовремено останува нејасно и неодговорњно прашањето во јавноста дали гувернерот очекува девалвација на денарот во наредниот период?

Овие две прашања се доставени до кабинетот на Гувернетот и очекуваме одговор кој соодветно ќе биде објавен од наша страна.

Креирано од:


Пренеси го гласот