Неможејки да ги видат проектите кои што се реализираатв во општина Штип од страна на локалната самоуправа предводена од градоначалникот Иван Јорданов, СДСМ таксативно ги “пеат” проектите од програмата на Градоначалникот, заборавајки да кажат што СДСМ направи за Штип и штипјани држејки апсолутна власт до само пред 1 година во Штип.
Збор нема за изградбата на клиничката болница која што нивниот министер Венко Филипче ја ветуваше, збор нема за затворениот олимписки базен, за ветените спортски терени со кои ги лажеа граѓаните… па сега прашуваат каде се конзолите на реката Отиња во Штип кои што самите тие не ги реализираа до пред само една година.
Но за разлика од неспособноста и политичкото слепило на СДСМ Штип, градоначалникот Јорданов и за викенд возвраќа на ваквите бледи обиди за политички профит со кој сакаат да го забават својот пад.
Денеска Градоначалникот Јорданов во јавноста излесе со реализација на уште еден инфраструктурен проект кој што значително ќе го подобри стандардот за живот на штипјани кои гравитираат по улицата “Балканска” во Штип.
“Уште една улица во населба Балканска е опфатена со проектот „Штип без кал“.
Денес се работи на трасирање и тампонирање на улицата, а во наредните денови истата ќе биде асфалтирана.”
-информираше градоначалниикот на општина Штип Иван Јорданов.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Најава за Јавна расправа како патоказ за затварање на Градската депонија во Кочани
Министерството за транспорт инвестира над 1,2 милиони евра за изградба и реконструкција на водоводна и канализациона мрежа за граѓаните на Штип
Со пари од амбасадорскиот фонд на САД заврши конзервацијата и реставрацијата на Споменикот на слободата во Кочани