БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Шеќеринска пред 11 месеци, во време на светска пандемија го одјавила Полковник Драган Ковачки од здравствено осигурување

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Откако требало да добие препорачана лекарска терапија по дијагностицирањето на присуство на Ковит-19 кај Драган Ковачки, Полковникот во Македоската армија открил дека 11 месеци наназад немал платено здравствено осигурување. Министерката Радмила Шеќеринска заедно со нејзините потчинети во Министерството за одбрана мудро молчат за ваквоти тенденциозно поигрување со здравјето на политичките неистомисленици.

За ваквиот партиски реваншизам на Радмила Шеќеринска Драган Ковачки упати своја реакција преку социјалните мрежи чија што содржина ја пренесуваме во целост во продолжение:0

“Ценети граѓани, денеска добив позитивен резултат од тест за КОВИД-19.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ниту сум прв ниту сум последен. Со оглед на тоа што власта досега не обезбеди ниедна вакцина за граѓаните, кога-тогаш ќе мора да се соочиме со ова зло. Неисе.

При обид да добијам препорачана лекарска терапија, открив дека мојот работодавец, Министерот Шекеринска, ме има одјавено од здравствено осигурување уште пред 11 месеци. Значи, во период на светска пандемија, 11 месеци ме оставила без здравствено осигурување и за тоа мудро си молчи и таа и нејзините соработници. Ова е тендециозно и свесно поигрување со здравјето на политичките неистомисленици. Г-ѓо Шекеринска, ова е недозволиво и не Ви доликува на функцијата што ја вршите, ниту пак на долгогодишната политичка кариера. Од цело Министерство за одбрана, само мене ме оставивте без здравствено осигурување. По која основа вршите дискриминација?

Во нормална држава за ваков непрофесионален однос и за злоупотреба на службената позиција се одговара.

Кој Ви дозволи на ваков дрзок и безобразен начин да си поигрувате со здравјето?

Не сакам да мешам емоции во политиката, но овој пат морам да прашам дали понекогаш имате грижа на совест или можеби срам?”

https://www.facebook.com/DraganKovachki/posts/257110399246425

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace