Врз основа на јавно достапни информации од институциите во државата, општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево преку социјалните мрежи упати јавни прашања за расчистување на дилемата дали постои судир на интереси кај Претседателот на Советот на Општина Делчево Драган Маневски кој по професија е адвокат со адвокатска канцеларија во Делчево.
Согласно Член 24 став 1 од Законот за адвокатурата јасно е дефинирано дека вршењето на адвокатска дејност на адвокат му мирува се до престанување на функцијата:

Член 24 (Закон за адвокатура)
“(1) Ha адвокат избран или именуван на јавна функција, вршењето на адвокатската дејност му мирува до престанувањето на функцијата.”
Од електронскиот сервис Јавни финансии на Владата може да се забележи дека јавни институции во Македонска Каменица вршеле трансакциски плаќања кон Адвокат Драган Маневски Делчево во повеќе наврати во 2019 и 2020 година.

Притоа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ апелираа јавно до Државната комисија за спречување на корупцијата по службена должност да го проверат случајот за за утврдување на можен судир на интерес на Претседателот Драган Маневски кој наплаќал за вршење на адвокатска дејност од институции во Македонска Каменица.

Од опозициската партија го повикаа адвокатот Драган Маневски во јавноста да појасни за што точно станува збор и дали според него тој имал судир на интереси.
Целата реакција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево упатена до јавноста ја пренесуваме во продолжение:
Во моментот на објавување на оваа статија во јавноста отсуствуваше јавна реакција / одговор од страна на именуваното лице Драган Маневски. Доколку во тек на наредниот период Претседателот на Советот на Општина Делчево се обрати во јавност ќе ја пренесеме и неговата реакција преку нашиот портал.