БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува за реваншизам и непрофесионални преместувања во МВР во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани ги обвинија надлежните за реваншизам и непрофесионални преместувања на вработените во МВР во Кочани.

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани Мирче Стојков во јавноста обелодени дека Министерот за Внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со неговите локални шерифи поставувале подобни кадри на високи позиции а “проопозициските ги тргаат од хоризонт.”

Во продолжение во целост го пренесуваме текстот на неговата прес конференцијата:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Почитувани!

Партискиот реваншизам на локалните структури на СДСМ кои се на високи позиции во Кочанската полиција зема се поголем замав.

Министерот ги деморализира вработените во МВР и заедно со неговите локални шерифи си поставува подобни кадри на високи позиции, а сите оние кои ќе ги именуваат како ,,проопозициони” ги тргаат од хоризонт, ги преместуваат во други градови и им се намалуваат чинови без преседан. Ова не било никогаш! Долгогодишни вработени во МВР со големо искуство и заслуги се преместуваат без причина и реална основа, само затоа што имаат храброст да застанат против неправдата и непрофесионалноста. Ова е црно време за сите професионалци во сите дејности и фели. Примери за прераспределби на вработени во државни институции имаме секој ден, за да на нивно место се постават сервилни кадри на партијата.

Полицијата е крајно демотивирана, и тоа е причината за лошата реализација, а со тоа и ниското ниво на безбедност во државата. Рекетот, убиствата и разбојништвата ќе остануват и понатаму нерасчистени, така што сериозно е отворен сомнеж дека раководството го прави сето ова се со цел заштита на своите штитеници и контрола на политичкиот терен. Ова граѓаните го знаат добро, а веќе се охрабрени пред наездите на лошите политики. “

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace