Квалитетот на изградба на локалниот пат од Македонска Каменица до рудникот Саса е предмет на соопштението кое што Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од МАкедонска Каменица го упатија во јавност.
Текстот на соопштението го пренесуваме во целост во продолжение:
“Пред 3 месеци, министерот Бочварски беше во М.Каменица за да се пофали дека ЈП за државни патишта потрошило 2.3 милиони € за реконструкција на пат во должина од 10 км кој води од М.Каменица до рудникот Саса (1 км = 230.000 €). После вчерашните снежни врнежи, односно после само ТРИ МЕСЕЦИ од реконструкцијата, на истиот овој пат можат да се воочат вдлабнатини и пукнатини во асфалтот. Граѓаните на М.Каменица денес со соочуваат со два проблеми, едниот е со неисчистените улици и патишта, а вториот е со неквалитетниот асфалт кој ги чинеше граѓаните скапо. Бараме одговорност од министерот Бочварски и градоначалничката Стаменкова.
Воедно го повикуваме министерот Бочварски да дојде и да ги посети камените одрони во близина на браната Калиманци за да види како граѓаните во овој дел на Република Македонија патуваат со страв по своите животи.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По хуманитарната балетска претстава во Кочани: „Ballet Magnificat“ на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов
Библиотеката „Искра“ во Кочани го одбележа 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право
Планинари, граѓани и службени лица на армијата и полицијата ќе маршираат заедно во чест на 150 годишнината од Разловечкото востание