Интегрален текст на соопштение за јавноста на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани:
“СООПШТЕНИЕ!
СКАНДАЛИТЕ НА НИКОЛЧО ИЛИЈЕВ
Почитувани граѓани, би сакале да го искажеме нашето видување, но не и само наше, туку и размислување на нашите граѓани со кои секојдневно се среќаваме и разговараме, а во врска со скандалите што ја тресат општината измината недела.

Директор на средно училиште, брат на актуелната пратеничка од СДСМ, си ја интервјуирал и вработил сопругата како наставничка.Срамот на градоначалникот останува и покрај паушалната казна од 250 евра.
Почеток на месец февруари со најавена претходно временска прогноза за снежни врнежи имаме тотален хаос по кочанските улици.КЈП Водовод вработува шалтерски работници а воедно и лошо ги менаџира останатите вработени.Поплаки има од сите делови на градот.
Дали Градоначалникот ја злоупотребува својата функција за предвремена градежна активност, без претходно целосно завршена и одобрена документација?? Изборот за кандидат од неговата партија изгледа го мотивира да ги крши законите во предвреме започната кампања.
![]()
![]()
,,СЕКОЈ ГЛАС ЗА НИКОЛЧО ИЛИЈЕВ Е ГЛАС ДАДЕН ЗА ЗОРАН ЗАЕВ,,
Со почит!
ОК при ВМРО ДПМНЕ Кочани”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По хуманитарната балетска претстава во Кочани: „Ballet Magnificat“ на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов
Библиотеката „Искра“ во Кочани го одбележа 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право
Планинари, граѓани и службени лица на армијата и полицијата ќе маршираат заедно во чест на 150 годишнината од Разловечкото востание