БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Синоќа говореше моќта на вистината: Се наѕира нова надеж за иднината на Македонските граѓани

Пренеси го гласот

Не навлегувајќи во суштествена расправа за секое од поставените прашања на новинарите како и понудените одговори од страна на Христијан Мицкоски, во нашата статија посветена на вчерашното интервју на Претседателот на опозицијата во Република Македонија со повеќе македонски новинари на програмата на Националниот сервис на МТВ, ќе се задржиме на повеќе генерални карактеристики кои беа евидентни за гледачите. Не поради недостатокот на суштина во секој од одговорите, туку баш напротив поради силината на кажаното со секој одговор до таа мера што дава основа за поголема додадена вредност на самиот одговор во поширок контекст на гледање на нештата.

Во месеците што се зад нас раководството на ВМРО-ДПМНЕ во критични моменти огромна енергија полагаше во градење на цврст и принципиелен став за сите актуелни прашања кои беа од дневно-политичка природа а секако дел од генералните стратешки текови на Република Македонија во контекст пред се на силната меѓународна политика која е сеприсутна во државата. Минирани од разно разни интересни групи и центри на моќ од претходното раководство во ВМРО-ДПМНЕ ваквите принципиелни ставови беа рушени, напаѓани и цел на пропаганда на лажни вести со што диферентноста и силината на определбите на Извршниот комитет беа замаглувани во јавниот простор во Македонија.

Јасно декларираните политики на врвот на ВМРО-ДПМНЕ од страна на носителите на тие политики во јавноста во изминатата година колку и да беа јасни и недвосмислени, на удар под моќната про-владина пропаганда потпомогната од скриени соработници во самите редови на ВМРО-ДПМНЕ кои се активираа наменски на повик, не можеше до крај да биде артикулирана како референтен праг над кој ќе се надградува политичката борба на дневна основа.

Принципиелноста и континуитетот на политиките е присутен од првиот ден на конституирањето на ИК на ВМРО-ДПМНЕ под раководство на Христијан Мицкоски. Тоа е несомнено!

Тврдам дека недостига поголема енергичност во работата на СИТЕ членови на ова највисоко партиско тело во воспоставувањето на механизми за доближување на политиките на новото раководство до основните клетки на партијата-месните комитети, заедно со сите воспоставени внатрепартиски тела кои делуваат како суштински градивни и кохезивни сретства помеѓу членството и самиот ИК.

Од делотворноста и успешноста на таа енергичност зависи вистинската сила на било кој политички субјект во наши услови на политички 2X2 дуализам. Токму затоа што таа политичка сила ништо не значи доколку не е препознаена прво во базата на членството а потоа и на едно повисоко ниво на општо-граѓанска прифатеност и неопходност.

Со синоќешното интервју на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на програмата на МТВ 1 таа замагленост во очи на македонската јавност повеќе ја нема. Беа изречени апсолутни вистини пренесени низ конзистентна реторика и искрен и чесен политички исказ кој од овој момент па натаму по силна нагорна линија ќе доживува афирмација.

Падна целата политичка магла, која што медиумските гласноговорници на власта се обидуваа да ја сеат во македонскиот јавен медиумски простор со цел да му додадат кислород на веќе комираниот пациент во ликот и делото на најголемиот измамник во македонската политика на сите времиња.

Ова интервју беше печат за запечатување на кредибилноста на актуелната власт која избега од соочување во една ТВ дебата меѓу Христијан Мицкоски и Зоран Заев.

Замолкнати се сите лаги, јасни се сите манипулации. Граѓаните мудро молчат и се што генерира оваа власт веќе не ги засега. Затоа што вниманието е насочено кон друго место:

Вистината!

А власта останува изолирана и забарикадирана зад металната ограда на Илинденска бр.2.

Христијан Мицкоски е херојот на оваа епизода која публиката бара да има продолженија.

Набљудувајќи го говорот на телото на самите новинари кои седеа наспроти лидерот на опозицијата се осеќаше нервоза но и страхопочит. Свесни токму за историскиот моментум на самото интервју и позиционирањето на нивните прашања во контекст на идниот развој на настаните во државата, новинарите се обидуваа на максимално коректен и професионален новинарски ракурс да комуницираат со Христијан Мицкоски, свесни за се она што тој и ВМРО-ДПМНЕ го имаат кажано во изминатата година а се потврди како теорема во математичката теорија.

Дополнително се она што беше кажано од страна на Мицкоски во контекст на настаните кои што следуваат, после секој одговор немаше директни и брзи потпрашања, туку само мачна и тешка тишина.

Јасно е!

Македонија официјално е во ќорсокак.

А ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се зракот светлина кој ќе го осветли патот за Македонските граѓани за излез од оваа темнина.

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот