Во спортската сала на ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, се одржа традиционалниот четворомеч во гол-бал, помеѓу здруженијата од градовите Скопје, Кавадарци, Битола и Прилеп.
-„Втор пат во Прилеп се организира еден ваков натпревар и посебно ми е драго што присуствувам на спортскиот натпревар на овие наши граѓани. Општина Прилеп и јас како градоначалник ќе ги поддржуваме ваквите натпревари, особено затоа што знам, колку тоа ним им значи. Поддршката ќе ја даваме и во иднина, со цел да им овозможиме на овие граѓани да се дружат, да се натпреваруваат и да го развиваат спортскиот дух“,
-изјави градоначалникот Јованоски, кој присуствуваше на натпреварите.
Претседателот на Здружението на слепи лица од Прилеп, Благоја Мишески, се заблагодари за помошта која ја добил за остварување на целите и потребите на здружението за да се реализира ваков натпревар, кој се организирал повеќе од 10 години помеѓу четирите здруженија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина