БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Изложба од продажен и хуманитарен карактер во Музејот на град Неготино

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во ОУ Музеј на град Неготино се одржа ИЗЛОЖБА на ДЕКУПАЖ- рачни ракотворби изработени од дечиња од 4 до 11 годишна возраст од Неготино кои што работат во ателјето “Мис Креатив“ (Miss Creativ) , под менторство на Велика Димова.

Беа изложени околу 80-тина украсени предмети како: магнетчиња, свеќници, шишиња, штипки, разни тацни и др. “ДЕКУПАЖ“ е техника за декорирање на предмети или мебел, од исечени парчиња хартија (салфети, оризова хартија , дури и платно) со лепење на предметите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во пракса декупажот секогаш се користел за разубавување на обични и стари предмети . Називот доаѓа од француското “decuper“ што значи изрежи или исечи. Декупажот е особено интересен и примамлив за децата поради неговата разноликост, при што оваа техника може да се работи на секакви површини (стакло, керамика, дрво и др.) и на предмети од ситни кутии за накит па до големи парчиња мебел.

Настанот беше од хуманитарен карактер, а средствата добиени од влезниците ќе бидат наменети за Василие Петридов.

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace