БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Соопштение на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“Соопштение

Почитувани сограѓани, Почитувани медиуми

Во време на енергетска криза кога доспеваат астрономски суми за сметки за електрична енергија, на домаќинствата, стопанството и јавните претпријатија, секој заштеден денар е од посебна важност за нормално функционирање на комуналното претпријатие. Претходниот инкриминиран естаблишмент во КЈП Водовод очигледно се водел од личен интерес за полнење на нечии џепови, за разлика од граѓаните кои едвај врзуваат крај со крај.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Претходниот директор Андреј Киров склучил штетни договори за осигурување на имотот на КЈП Водовод во 2019-та година, 2020-та и 2021-ва година.Вкупната сума за овие три години што ги исплаќа јавното претпријатие на осигурителни компании е 6 426 314 денари со ДДВ.

Од овие пари за непродуктивни расходи намери за провизии на осигурителни брокерски друштва се исплатени 1 285 263 денари. Се поставува прашањето: Зошто директорот Андреј Киров во четири очи склучувал договори за дополнително осигурителни брокерски услуги? Зарем КЈП Водовод нема стручен и професионален кадар за оваа тендерска постапка да ја спроведе самостојно?

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи вакво понижување на граѓаните и има план тоа да го спречува и во иднина.

Ги повикуваме сите советници во Совет на општина Кочани да ја подржат оваа наша иницијатива на следната седница на 31.08.2022г. “

-Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ Кочани

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace