Општина Кочани, преку Територијалната противпожарна единица – Кочани, во соработка со Општинската организација на Црвен крст и ОУ „Никола Карев“ реализираа тактичко-показна вежба за справување со пожар.
Пожарникарите симулираа гаснење пожар и извршија евакуација на ученици, а волонтерите од Црвениот крст интервенираа со помош на повредени ученици.
ТППЕ – Кочани ќе подготви извештај за реализираната тактичко-показна вежба во кој ќе бидат истакнати можностите за побрза и полесна пристапност на противпожарните возила до училишниот објект.
Тактичко-показните вежби се од огромна важност, бидејќи ја зацврстуваат подготвеноста на учениците и вработените во училиштата за справување со вакви несакани појави и ситуации, а претставуваат и законска обврска на училиштата.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово