Не се виновни ни Тик Ток, ни Фарма, ни Големиот Брат, ни твитер ни фејсбук… за падот на системот на вредности кај децата а богами и кај возрасните.
Виновни се сите поединци кои што наместо да се грижат за своите деца ги припуштаат на неконтролираните содржини на интернет да ги воспитуваат и подучуваат наместо самите тие тоа да го прават. Виновни се сите поединци кои што наместо поминато време со своите деца трчаат да обезбедат повеќе пари во системот создаден да ги осиромашува, експлоатира и контролира.
Пријатели, не можете вие да заработите толку колку што може системот да ве ограби. И наместо да се помирите со тој факт вие упорно трчате по профит и општествен статус додека страда семејството како основна клетка на едно општество. Преку нарушената семејна хармонија на едно стабилно семејство се нарушува стабилноста на цел државен систем кој води до хаос контролиран од финансиските центри на моќ. Вредноста на парите во споредба со семејната хармонија е ништовна, лажовна и минлива. Парите се создадени за да бидат наши господари, за да бидеме корисни заморчиња во системот создаден од оние кои печатат парче хартија на која и даваат самите тие произволна вредност и ја нарекуваат пари.
Кога наместо време поминато со своите деца, семејство, роднини пријатели, најблиски бирате трка по пари кои што некој друг им ја одредува вредноста, вие сте влезени во механизам на ропство во кој што ниту вие сте важни ниту она што вие сакате и ви е потребно затоа што секогаш има некој друг кој ќе ве замени како зглоб во тој монструозен механизам.
Изборот пари или деца/семејство кој секојдневно го правите е виновен за целата оваа хистерија која дополнително медиуми контролирани од истите тие центри на моќ ја стимулираат и развиваат во дадена насока.
Ако претходно многу малку се знаело за монструозни масовни убиства низ светот, денес со моќта на медиумите тоа е “вообичаена” тема. Таа медиумска моќ овозможува и допринесува за афирмација на голем број претходно непознати негативни појави во јавноста. И тоа е верижна состојба која постојано прогресира кон се полошо и полошо.
Наместо медиумите да промовираат семејни вредности, знаење, уметност, човечки и морални особини, во игра на пеколен заговор и борба за сопствена егзистенција и потрага по пари стануваат промотори на вредности кои нудат разврат, криминал, лесен профит, насилства…. Така што бојата на парите и во медиумската сфера ја обојува реалноста која што им е потребна на тие центри на моќ кои што го контролираат пазарот на финансиски сретства. Во таа игра со оние што печатат пари за да ја заробат вашата душа и тело не може поединец да победи! Помирете се со тоа….
Она што може секој од нас да го направи е да се посвети на себеси, на семејството, на своите деца, на своите сопруги/сопрузи, мајки/татковци, роднини и пријатели… Луѓето околу вас се многу поважни од сите пари на светот! Не дозволувајте оние со куфер пари под раката да ви кажат поинаку зошто тоа е пат во еден правец…
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Медиумски пропагандисти сведени на ниво на сеир и забава на народот не значи реална медиумска кредибилност и општествено оправдана улога и значење
Зошто Македонскиот народ е против внесување на бугари во Македонскиот Устав во вакви историско-актуелни односи?
Галерија: Метал музиката лебди над Македонија