Градоначалникот Митко Костадиновски оствари средба со Ива Георгиева по повод големиот успех на меѓународниот избор „MISS&MISTER PLANET “
Денеска во просториите на Општина Виница, градоначалникот оствари средба со младата и талентирана сограѓанка Ива Георгиева, по повод нејзиниот голем успех на меѓународниот избор „Miss&Mister Planet“, кој се одржа во Созопол, Република Бугарија.
Во силна меѓународна конкуренција, Ива постигна одличен резултат, освојувајќи го второто место и престижната титула „Grand Prix Talent“, веднаш зад претставничката од Грузија, која ја освои главната награда „Super Grand Prix“.
Со својот талент, сценска презентација, грациозност и посветеност, Ива ги освои симпатиите на жирито и достојно ги претстави Виница и Македонија на меѓународната сцена.
Значаен дел од нејзиниот успех е и професионалната подготовка под менторство на Мики Црнокрак, кој со своето долгогодишно искуство и професионализам ѝ беше поддршка на патот до ова престижно признание. Модното студио „Црнокрак“ со години е препознатливо по откривањето и професионалниот развој на млади таленти и модели, како и нивното претставување на меѓународната сцена.
На средбата, градоначалникот упати искрени честитки до Ива за постигнатиот успех, истакнувајќи дека нејзиниот талент, труд и посветеност се пример и инспирација за младите.
„Голема радост е кога ги гледаме младите луѓе како го развиваат својот талент и постигнуваат успеси на меѓународната сцена. Ива е уште еден пример дека со труд, посветеност и истрајност можат да се постигнат значајни резултати. Општина Виница останува посветена на поддршката на младите таленти кои со своите успеси ја промовираат нашата општина и нашата држава, истакна градоначалникот.
На средбата се разговараше и за идните планови и активности на Ива Георгиева, при што ѝ беа упатени желби за многу среќа, успех и нови признанија во претстојните проекти и натпревари.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година