БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Власта продолжува да го девалвира празнувањето на Илинден на Мечкин Камен

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Стево Пендаровски оваа година нема да одржи говор на славниот Мечкин Камен. Наместо говор со кој ќе ги обедини сите граѓани на МАкедонија, на Мечкин Камен на местото на погибјето на славните илинденци од четата на Питу Гули, оваа година ќе се играат ора- македонски и албански и ќе се свират и пеат песни.

Она што беше 30 години традиција од осамостојувањето на Република Македонија, оваа година ќе помине во знакот на самоволието на Стево Пендаровски кое што е во контекст на напорите на неговата матична партија СДСМ да ги обезвредни сите македонски национални обележја и вредности.

Стево Пендаровски само декларативно повикува на обединување на политичките лидери за која што цел како што соопшти самиот тој го поместил чествувањето од претпладневните часови за во 18.00 часот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Претпладне настанот на Мечкин Камен ќе го отвори актерот Никола Ристановски кој ќе ги прочита Крушевскиот Манифест.

Потоа ќе настапат Танец и Албанскиот ансамбл на народни песни, за потоа настап да има Влатко Стефановски. Манифестацијата ќе се затвори со настап на воениот оркестар.

Во изминатите три години владините делегации на Мечкин Камен беа исвиркувани од страна на присутните граѓани и покрај огромното обезбедување и притисоци од безбедносните служби врз граѓаните кои го искажуваа својот гнев од политиките по однос на националните прашања на актуелната власт.

За првпат во 20 годишната активност на политичката сцена во Македонија на Мечкин Камен најавено е дека ќе се појави и Али Ахмети.

Креирано од:


Пренеси го гласот