Со соопштение до јавноста од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип уште еднаш потсетија на нереализираните ветувања акон граѓаните на општината Штип каде во саботата СДСМ имаше своја трибина во Домот на културата “Ацо Шопов”.
Истото го пренесуваме во целост:
На „ЌЕ“ политиките на СДСМ им се гледа крајот. Во Штип немаме видено ниту една конкретна мерка, со која би се подобриле условите во здравството, за кое постојано збориме.
Но, сега повторно да се потсетиме.
• До крајот на 2018 година требаше да имаме Клиничка болница со најсофистицирана опрема – не е остварено.
• Болницата требаше да нуди превенција, заштита и лечење на болести, (а не Хепатит Ц) – не е остварено.
• Лекарите требаше да имаат плата од 100.000 денари – не е остварено.
Ништо од овие мерки не е остварено, а вие манипулирате со пациентите веќе трета година. Здравството е во најочајна состојба до сега, затоа секоја ваша фалба за условите во истото дава негативен ефект кај граѓаните на Источна Македонија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Д-р Башким Шабани со апел до населението: Еден донор може да спаси повеќе животи, тоа е чин на солидарност, емпатија и човечност
Обраќање на Премиерот Мицкоски на Советот на Германско-Македонската стопанска комора
Младите ја креираат зелената иднина – Божиновска ги додели признанијата на победниците на националниот натпревар за зелени иновации