Да бевме во Франција, да бевме во Франција, да бевме во Франција…
Ама среќа што сме во новата хибридна творба на глобалистичката елита, па 78% покачување на плати на функционерите не пречи никому?!
Ааа да, ќе има неколку статуси и јаки објави!
Малку е за ваква малодушност, индиферентност и малициозност…
Бога ми, малку е!!
Колку е минималната?
Не е ТЕМА?
Колку е просечната плата?
И тоа не е ТЕМАТА?
Куферите пакување, ама прво научете јазик!
И да, ВАКА ќе ги задржите младите во ,,државата”?!
Барајте потоа јавно здравство, судство и полиција?!
Држава која ги подучува децата од мали нозе да бидат паразити, политичари, дилери и неработници без тронка емпатија, мотивација и развиени и квалитетни професии, нема потреба од истите…нагонот за самоуништување и самоотуѓување е на највисокото ниво досега.
Освен финансиите и неефикасноста на системот, оваа територија 5 години потфрла на сите полиња, т.е., политичарите кои ,,ја водат” истата.
Пишува: Гоце Марков


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст