Подобрувањето на условите за живот на Штипјани е главен програмски приоритет на градоначалникот на општината Иван Јорданов и општиските власти.
Денеска жителите на населбата Баби во Штип добија нова улица која што ја чекаа подолг временски период. Инвестицијата е на општина Штип со сретства од општинскиот буџет за тековната година.
“Продолжуваме со најавените проекти во инфраструктурата и нивна реализација во секоја населба во Општина Штип.
Денес жителите на населба Баби добија реконструирана улица со поставување на нов асфалт на ул.Руен од 1250м2, во вредност од 854.762,00 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Штип.”
-информираше градоначалникот на Штип Иван Јорданов.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Двајца вработени во Центар за јавно здравје- Виница добија кривична пријава
Жител на Пробиштип доби кривична за насилство и напад на службено лице
Двајца против двајца: Кочанчани се пресметувале физички во двор на семејна куќа во Кочани