БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во Македонска Каменица се поставува нова водоводна линија за решавање на проблемите со водоснабдувањето

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Екипи на Јавното претпријатие “Камена Река” од Македонска Каменица интензивно работат на поставување на нова водоводна линија во периферните делови од градот.

Со тоа проблемите кои што ги имаа жителите на Македонска Каменица во поглед на водоснабдувањето на нивнните домови со вода за пиење во огромна мера стануваат минато.


Активностите се реализираат во рамки на заложбите на градоначалникот на Македонска Каменица Димче Атанасовски за подобрување на стандардот за живот во сите населени места во општината.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

” Со започнатите активности за поставување на нова водоводна линија и инсталирањето на водомерни единици за домаќинствата, трајно ги решаваме проблемите со водоснабдувањето на корисниците и во периферните делови на градот.

Екипите за комунални работи на ЈП Камена Река, во периодот пред нас, со несмален интензитет ќе продолжат да работат на обезбедување на чиста и здрава вода за пиење во доволни количини за сите граѓани на општина Македонска Каменица.”

-информираат од ЈП “Камена Река” од Македонска Каменица.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace