БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во општина Лозово биле направени големи непотребни расходи и задолжување од над 11 милиони денари во изминатите 4 години

Пренеси го гласот

Врз основа на своите програмски определби за максимална транспарентност на работењето на општина Лозово и локалните институции во општината, во текот на вчерашниот ден Градоначалникот Бошко Цветковски заедно со претставници на одделенијата во општината и институциите реализираше јавен настан за презентација на работењето во изминатите 100 денови.

Резултатите од неговата работа но и од работата на останатите луѓе од неговиот општински тим беа презентирани јавно во спортската сала во Лозово пред граѓаните и пред присутни медиуми.

За ефектите од минатото 4 годишно финансиско работење на ЕЛС Лозово пред присутните зборуваше Виолета Колева Спасова од Одделението за финансии при Општина Лозово. Таа на почетокот од своето обраќање ја информираше јавноста дека во текот на мандатот на претходниот градоначалник биле користени услуги за финансиско работење од страна на надворешно лице каде што било работено целото сметководство.

Минатата недела успеавме документацијата ова лице да ја врати во општина Лозово. Правиме некои анализи кои што се книговодствени состојби, во тек е изготвување на завршна сметка. Тоа што можеме да кажеме дека општината заклучно со овој момент должи вкупно 11.225.681,00 денар. Од нив се должи на повеќе добавувачи, сите се доспеани обврски освен обврските кои што се за лизинг на возилата за патничкото моторно возило шкода и возилот багер кое што е за потребите за комуналното претпријатие. Тоа се вкупни обврски од 2.900.00,00 денари.

Останатите обврски се сите доспеани, се должи на изведувачи за асфалтирање на улици, за тампонирање на улици, се должи за одржаните локални избори- обврски околу 1 милион денари. Тоа се информациите за нашите обврски.

Буџетот за 2022 година е планиран во вкупен износ од 81 милион од кој што најголем дел се трансфери. Тоа што во моментот се соочуваме со доспеани обврски ни ја намалува нашата ликвидност и не сме во можност да ги сервизираме обврските. Дополнително имаме планирење на Буџет кој што ги содржи обврските кои што треба да ги исплатиме. Значи најголем дел од проектите кои што се реализирани во минатата година, не се исплатени и се планирани за буџетот за оваа година,

-соопшти пред присутните граѓани во салата Виолета Колева Спасова од Одделението за финансии при Општина Лозово.

Таа напомна дека реализацијата на планираните проекти за кои што градоначалникот Цветковски подоцна се осврна во своето обраќање ќе зависи од тоа дали во целост ќе се реализира планираниот буџет за тековната 2022 година, бидејки во моментот општината не е во можност да започне проекти како резултат на долгот кој го има оставено претходниот градоначалник.

Понатаму таа зборуваше за недомаќинското работење на претходниот градоначалник и негрижата на сопствените сретства и имот на општината поради фактот на неводење на материјално книговодство.

“Тоа што успеавме да видиме во книговодствената евиденција на општината за изминатиот период е дека не е водено материјално книговодство, набавувани се сретства, имот, опрема на општината кој што не е евидентиран. Истото е заклучено од страна на комисијата за попис која што дава информација дека нема книговодствена состојба која што може да ја потврди со податоците на терен кои што ги има фактичката состојба. Така дополнително правиме напори да направиме евиденција на имотот и состојбата на капиталот на општината.”

-соопшти Виолета Колева Спасова од Одделението за финансии при Општина Лозово.

Таа ја алармираше јавноста за драстичното зголемување на финансиски сретства кои биле исплаќани за договорни услуги кон физички лица почнувајки со 737 илјади денари во 2018 година за во 2019 тие да пораснат на 1 милион и 168 илјади денари и во 2020 година овие исплати да станат 2 милиони 128 илјади денари а во 2021 година ваквата ставка скокнала на енормни 2 милиони 805 илјади денари.

Истата аналогија на драстично зголемување следува и за останати трошоци во општината во минатите 4 години:

-правни услуги од 344 илјади денари кои во 2020 година достигнуваат 430 илјади денари- вкупно за минатите 4 години биле потрошени 1 782 000 денари

-за надворешното лице кое што покрај тројца дипломирани економисти во општината било ангажирано од претходниот градоначалник во изминатите 4 години му се исплатени 694 илјади денари нето износ,

-за кои што од општинската администрација сметаат дека се непотребни трошоци и истите можеле да бидат сведени на минимум.

Поради малата ликвидност на Буџетот на општина Лозово ваквите трошоци се сведени на минимум, информираше Виолета Колева Спасова од Одделението за финансии при Општина Лозово.

Презентацијата на целиот Отчет за работата на градоначалникот Бошко Цветковски и надлежните органи во општината, како и анализа на затекнатите состојби во општина Лозово може да погледнете во видеото во продолжение:

Во оваа прилика Градоначалникот на Лозово Бошко Цветковски уште еднаш ги повтори своите политички определби со кои работеше во изминатите 100 денови но и ќе продолжи да работи и во наредниот период во интерес на граѓаните на општина Лозово:

“Транспарентноста и отчетноста беа и остануваат да бидат едни од основните постулати врз кои ја темелиме општинската политика. Имајќи ја вашата доверба како чест, но и одговорност, секогаш вас, граѓаните ве имаме како партнер во креирањето на стратешките цели, во креирањето на визијата за подобра Општина Лозово.

Впрочем, речиси сите проекти произлегуваат согласно потребите, од вас, граѓаните, од сите наши заеднички средби кои ги имавме и ќе ги имаме во иднина, од добронамерните критики и пофалби, идеи, предлози…

Тие се одлична платформа за нашата понатамошна ентузијастичка работа за мене како градоначалник, за општинската администрација, за Советот на Општината за Директорите на ЈКПД Лозово и ООУ М.М.Брицо Лозово.”

-напиша Бошко Цветковски- Градоначалник на општина Лозово на социјалните мрежи.

Проследете го нашето излагање и запознајте се одблизу со реалната состојба и вистината за “Домакинското работење” на мојот претходник.

п.с. Јас не се занимавам со лаги и манипулации, зборувам отчетно и транспарентно, поткрепено со документи!

Креирано од:


Пренеси го гласот