Конечно Македонија на меѓународната сцена има свои силни поддржувачи. Се исполнува сонот на генерации Македонци Македонското прашање да биде афирмирано во редот на највисоката политика во САД и тоа директно од страна на луѓе кои се во најтесниот круг на соработници на американскиот претседател.
Основачот и сопственикот на видео платформата Рамбл Крис Павловски, кој што е еден од блиските поддржувачи на претседателот на САД Доналд Трамп и дел од тимот Трамп, преку социјалната мрежа X се огласи за говорот на премиерот Христијан Мицкоски на CPAC, Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC) во Вашингтон.
„Еден од најдобрите лидери во Европа и еден од единствените момци кои ракоплескаа на говорот ба Џеј Ди Венс минатата недела во Германија“,
-со пиетет напиша Крис Павловски на Х.
One of the best leaders in Europe and one of the only guys clapping for @JDVance’s speech the other week in Germany.
— Chris Pavlovski 🏴☠️ (@chrispavlovski) February 21, 2025
Macedonia has a bright future. https://t.co/fOIaoRCOTL
Ваквото признание го потврди и водителката на панел дискусијата на обраќањето на Премиерот Мицкоски на Конференцијата која што пред преполната сала го пофали Мицкоски дека тој бил еден од ретките кои аплаудирале на говорот на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на Минхенската Безбедносна конференција
Премиерот Христијан Мицкоски со своите неколку посети на Вашингтон успеа да ги прошири зборовите Македонија, Македонци, Македонско во елитната американска политика што само говори за неговата посветеност да ја афирмира Македонија на меѓународната сцена. Кон ваквата борба на Премиерот Мицкоски во огромна мера допринесуваат мудрите и стратешки одлуки како и избор на сојузници кои од памтивек доаѓаат од најстарата демократија во светот.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
40 годишник од Свети Николе предизвикал општа опасност со палење на отпад
Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници
Нова лабораторија за работа во дрво на Факултетот за ликовни уметности – Скопје