БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Заедничко видео на училиштата по Македонски јазик од целиот свет по повод 24 Мај- Денот на сесловенските просветители

Пренеси го гласот

И во учебната 2022/2023 година иницијативата на Здружението на наставници по македонски јазик во светот во пресрет на големиот празник посветен на просветителите Св.Кирил и Методиј ни ги подарија прекрасните пораки упатени од различни континенти, преку учениците кои го изучуваат македонскиот јазик.

Со моќните стихови, песни, искрените детски насмевки сведочиме за опстојувањето и ги потикнуваме нашите ученици да ги запознаат, почитуваат и вреднуваат животот, пожртвуваноста и делата на Кирил и Методиј. Да знаат за вистината на глаголицата и нејзините вредности, на нејзината важност во светот на писменоста, особено гледано од денешен аспек, преку призмата на можностите и неприликите.

Учејќи ги нашите ученици да читаат и пишуваат со кирилицата истата останува активно да живее и да има свои наследници и продолжувачи. Вложувајќи во младите, вложуваме во иднината уште денес. Нашите амбициозни ученици од Србија, Хрватска, Германија, Швајцарија, Малта и Австралија смело застанаа пред камерите во одбрана на македонскиот јазик кој го сакаат и со љубов го изучуваат. Нивните пораки на македонски јазик се слушнаа, се слушаат и ќе се слушаат ширум светот. Нека е честит празникот на Св.Кирил и Методиј и на сите Македонци и пријатели на Македонија секаде во светот.

Авторка на текстот: Ивана Брезовец.

Креирано од:


Пренеси го гласот