Под мотото ,,Забава-спорт-здравје”, во Берово се натпреваруваат 350 пензионери од Берово, Пехчево, Кочани, Виница, Македонска Каменица и Делчево, на 24-тите Регионални спортски игри за пензионери.
Пензионерите се натпреваруваа во различни дисциплини, салонски игри, кои се состојат во шах натпревар, табла, домино и пикадо, до атлетски игри, трчање на далечина, гаѓање со воздушна пушка, тегнење на јаже, скок во далечина, кошарка и фудбал.

Кратко осврт кон Здружението на пензионери од Берово, имаше Станка Трајкова, Претседател на Сојузот на здруженија на пензионери од Македонија, која меѓу другото, истакна дека Здружението на пензионери од Берово, ги започнало своите активности во 1965 година, како граѓанска организација, за денес да прерасне во современа граѓанска асоцијација ,која брои 2500 членови.
Целта на овие игри, како што истакна Претседателот на Здружение на пензионери Берово, Васе Механџиски, е дружење, спортување и преку спортскиот дух, зачувување на здравјето, а за победниците се обезбедени пригодни награди и благодарници.

На пензионерските спортски игри учество земаа 55 пензионери од Берово, а најстариот учесник беше 80 години.
Овие спортски игри, упатија јасна порака дека ,,Не можеме да го спречиме стареењето, но од нас зависи, колку ќе остариме”.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Планинари, граѓани и службени лица на армијата и полицијата ќе маршираат заедно во чест на 150 годишнината од Разловечкото востание
Тече литературниот конкурс за 150 годишнината од кревањето на Разловечкото востание кој го распиша ЈЛБ “Илинден” Делчево
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (четврти дел): Школството и просветителскиот живот во село Разловци во минатото