БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Честитка од Христијан Мицкоски до верниците од исламска вероисповест по повод Курбан Бајрам

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Почитувани верници од исламска вероисповед,

Дозволете ми во мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам празникот Курбан Бајрам.

Ова е празник кој ги потенцира човечките вредности и кој не учи на солидарност, хуманост и заедништво. Воедно, Курбан Бајрам ги истакнуваа меѓусебното почитување и разбирање и не обединува во стремежот за градење на заеднички живот и просперитет во нашата држава.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Република Македонија има вековна традиција на соживот, толеранција и помагање помеѓу различните верски групи. Тоа се вредностите кои ние мора да им ги пренесеме и оставиме на идните генерации, бидејќи само така ќе продолжиме да градиме благосостојба, но и напредок во нашето општество.

Во овие тешки моменти и предизвици со кои се соочува нашата држава сите граѓани подеднакво ги чувствуваат последиците од неспособноста, алчноста, расипништвото, лагите и нереализираните ветувања и очекувања. Наместо проекти кои ќе го подобрат животот и стандардот на граѓаните, секојдневно гледаме криминал, корупција, понижување и погазување на достоинството на секој еден граѓанин на Република Македонија.

Токму затоа неопходно е да се почитуваме и помагаме, и заеднички и обединети да упатиме порака дека потребно е создавање на праведна држава која подеднакво ќе ги почитува своите граѓани и ќе креира можности за напредок за доброто на нас и на нашите идни генерации.

Нека годинешното празнување на Курбан Бајрам ви помине во спокој, мир и хармонија и ви донесе среќа и радост кои ќе ве следат целиот живот, вас и вашите семејства.

Креирано од:


Пренеси го гласот