Композиторот на филмска музика Лазар Аврамовски постпразнично на најубав можен начин ја изненади македонската публика со феноменална обработка на помалку познатата народна песна “Излегол невен Пејо по Шар Планина”.
Со аранжански делници кои што се разликуваат од се она што досега македонската публика го има слушнато “на домашен терен” оваа песна претставува вистинско музичко освежување за годината која штотуку започна.
На песната пеат македонските актери Влато Јовановски, Сенко Велинов и Жаклина Стевковска кои што му даваат на аранжанот соодветна епска лирика која што со себе ја носи самата песна.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години