Одамна е јасно дека Овие (не знам како поинаку да ги наречам, освен како Овие) не успеале ни „проблемот“ со името да го решат. Наместо Грција, сега се јавува Бугарија, која им наложува со кое име треба македонската држава да ја именуваат, бидејќи постоело кратко и долго име за Македонија. Таман ќе го „решат“ „проблемот“ со краткото, односно долгото име, ќе се јави „проблемот“ со средното име. Кога и него ќе го „решат“,ќе им искрсне нов предизвик. (Кај нас, патем кажано, нема проблеми, туку само предизвици). Како и да е, како ќе го „решат“ и тој предизвик, така ќе изникне нов предизвик, бидејќи ние (тоа е одамна познато) не сме во провалија, туку во бездна.
Во исто време, се покажува дека Овие веќе одамна не се ни комични, уште помалку трагични, бидејќи трагедијата претпоставува постоење на свест/самосвест за тоа што ти се случува. Од Овие такво нешто не може да се очекува. Прекинувајќи да бидат и комични, постепено се преобразуваат во тажни комедијаши/лакрдијаши, кои ни самите веќе не веруваат во тоа што го тврдат.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст