Екипи на вработени во Јавното Претпријатие Камена Река од Македонска Каменица денеска беа на терен на повеќе локации во општината. Механизирани тимови и повеќе групи на вработени работеа на повеќе позиции во насока на обезбедување на подобри услови за живот на граѓаните помеѓу кои:
“
Изградба на земјен канал и пропусни сегменти за одводнување на атмосферски води во село Моштица
Чистење и уредување на просторот околу регионалниот пат од Македонска Каменица кон село Саса
Уредување на речното корито на Каменичка Река како подготвителна активност пред започнувањето на бетонските работи за доизградба на градскиот кеј”
-информираа од ЈП “Камена Река” Македонска Каменица

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година