БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општина Делчево објави јавен повик за пријавување на штети по големото саботно невреме кое ја зафати општината

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По огромните причинети штети кои зад себе ги остави саботното невреме кое што ја зафати општина Делчево како во градот Делчево така и речиси сите околни села во општината, ЕЛС Делчево објави јавен повик за пријавување на штети од страна на граѓаните.

Комисијата за проценка на штети на Општина Делчево ќе ги прибира поднесените барања со бараните документи од граѓаните најдоцна до 8 јули.

“ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Општина Делчево ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети предизвикани од невремето кое ја зафати територијата на Општината на ден 25.06.2022 година да ја пријават настанатата штета до Комисијата за проценка на штети на Општина Делчево.

Пријавувањето на штета од невремето – пополнето со бараните податоци и документи се доставува до архивата на Општина Делчево.

Покрај барањето секој барател треба да достави:

копија од лична карта со изјава за користење на личните податоци

потпишана од барателот; копија од трансакциска сметка;

ПРИЈАВА (АРХИВА или од веб страна)

ИЗЈАВА за штети (архива или од веб страна)

Пријавувањето на штетите може да се изврши во рок од 10 дена, односно најдоцна до 08.07.2022 година, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот.

За сите дополнителни информации може да се обратите на: – Кире Цоневски, Претседател на комисијата за штети – 078-705-513″

-стои во јавниот повик објавен од општина Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace