Од Оделот за внатрешни работи на Виница за учениците во ООУ „Кочо Рацин” во с.Блатец беше одржано предавање на тема “Меѓуврсничко насилство” како превентивна активност на полицијата во соработка со образовните институции во оваа општина.
Превентивна активност на ОВР Виница
Денеска (15.11.2024) од страна на полициски службеници од ОВР Виница на учениците во ООУ „Кочо Рацин” во с.Блатец им беше одржано едукативно предавање на тема „меѓуврсничко насилство”.
На предавањето учениците беа запознаени со начините и методите за справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите, а им беше укажано и на последиците од девијантното однесување.”
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на МВР.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово