БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ го кандидира Јорданчо Костадинов за градоначалник на Чешиново-Облешево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На вечерашната седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го соопшти името на Јорданчо Костадинов за кандидат за градоначалник на општина Чешиново-Облешево на претстојните локални избори.

Во своето прво обраќање кон јавноста Јорданчо Костадинов упати благодарност кон Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за укажаната доверба која ја смета за обврска и предизвик. Костадинов на претстојните избори ќе ја побара довербата од сите граѓани на општината со понуда на проекти кои се однесуваат претежно на земјоделците, младите и пензионерите.

“Драги сограѓани, почитувани пријатели и роднини!
📣 Денес, сакам да ја споделам со вас одлуката на Извршниот Комитет и на Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Проф. Др. Христијан Мицкоски за дадената доверба да бидам кандидат за градоначалник во општина Чешиново-облешево, од најголемата политичка сила во Република Македонија.
🧍‍♂️Целосно сум мотивиран и со огромно чувство на одговорност, ја прифаќам кандидатурата за градоначалник на Општина Чешиново – Облешево.
👉 Оваа кандидатура не е само политичка одлука, туку од денес, тоа е моја лична обврска и предизвик, и планирам заедно со вас да ја реализирам.
👉 Ова нема да биде само моја лична битка, тука ова е наша заедничка мисија во која ќе понудиме: нови проекти, достоинство, култура, и со силна енергија ќе работиме за подобри услови за живот.
👉Мојата визија е јасна: Општина Чешиново- Облешево да стане модерна, инфраструктурно уредена и просперитетна општина, со поддршка за земјоделците, со нови перспективи за младите и за поголема грижа за пензионерите.
👉Периодот кој следи ќе бидам отворен за граѓаните, и преку средби со ваши идеи и предлози ќе градиме поубава и просперитетна општина.
👉 Со визија и со чисто срце, со јасен план – за роден крај каков што сите заслужуваме.
#ЗаЧешиновОблешево

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

✍️Заедно ќе ја оствариме нашата цел!

Со почит,

Јорданче Костадинов”

— стои во соопштението упатено во јавност од страна на кандидатот за градоначалник на Чешиново-Облешево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace