БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали за денес Димитар Ковачевски ќе земе покачена дневница? Работно ја промовираше мерката за недела неработен ден

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска со свои соопштенија преку социјалните мрежи Премиерот и Претседател на СДСМ Димитар Ковачевски во јавноста ја афирмираше и промовираше мерката со која се уреди недела да биде неработен ден за одредени категории на работници.

Ковачевски иако со законско решение е утврдено дека денешниот ден недела е неработен сепак тој лично со дел од неговиот владин тим работно ја посетија фабриката „Дура Аутомотив Системс“ од каде објави фотографии и упати повеќе пораки во јавност.

Дали ваквата посета на фабриката од страна на Премиерот е во функција на службена посета од страна на Димитар Ковачевски и неговите соработници или пак во прашање е приватна посета, е прашање кое нужно се наметнува во контекст на спроведувањето на законот со кој недела се прогласи за неработен ден за повеќе групи работници.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Дали за овој денешен ангажман на премиерот и неговиот владин тим за себе тие ќе земат покачени дневници од Буџетот на Владата поради работа во недела или пак работат про-боно е исто така релевантно прашање кое треба да се продискутира во јавност.

Притоа Ковачевски упати своја прака во јавност

“Трудот на работниците мора да се почитува и соодветно да се вреднува. Сите работници кои работат во недела добиваат најмалку 50% повисока дневница со воведување на недела неработен ден.”

-соопшти тој во неговото соопштение во врска со посетата на оваа компанија.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace