БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ќе се доградува детската градинка во Карбинци со дополнителен капацитет за уште 50 дечиња

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општината Карбинци и градоначалникот Виктор Паунов успеаа да обезбедат финансии за реализација на проектот за доградба на детската градинка “Кокичиња” на задоволство на сите семејства кои се на листа на чекање долг период за да ги сместат своите дечиња во предучилишниот воспитно-образовен процес.

Станува збор за инвестиција од 14,7 милиони денари кои што се обезбедени од МТСП со која ќе се обезбедат услови за дополнителни 50 дечиња кои ќе влезат во детската градинка за развој во нивниот воспитно образовен процес.

“Официјално е одобрен проектот за доградба на детската градинка ,,Кокичиња” од страната на Министерството за Труд и Социјална политика со капацитет од плус 50 деца во вредност од 14.700.000 денари. Сите постапки кои беа обврска ма општина Карбинци се завршени.
Во следниот период ќе започне и постапката за објава на јавната набавка со што ќе избере изведувач и надзор.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со оваа доградба ќе добиеме нови занимални со дополнителни содржини, а чекањето за упис на дечиња ќе стане минато. ✅

-информираше денес во јавноста градоначалникот Виктор Паунов во врска со реализацијата на овој значаен проект.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace