БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

УМС на „Младински маалски средби“ во Делчево: Убедливо победуваме на локалните избори

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Победничката атмосфера на средбите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ се чувствува во сите градови каде што се случуваат маалски средби, кои се последната организирана активност на младинската организација на опозициската партија, каде што тие ги слушаат проблемите и потребите на младите од Македонија.Унијата на млади сили имаше маалска средба во Делчево, каде што се собраа голем број млади луѓе, кои порачаа дека победата за ВМРО-ДПМНЕ во Делчево е сигурна и тоа уште во првиот круг.Младите јасно порачаа дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која силно работи за потребите на младите во државата, а претставниците на УМС кои беа во Делчево, каде порачаа дека по враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, младите повторно ќе го добијат својот партнер кој секогаш беше тука да им помага.Младите порачаа дека младинската организација на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била посплотена и не биле толку решени да ги сочуваат темелите на државноста на Република Македонија, а како што велат младите од ВМРО-ДПМНЕ со потезите кои ги прави новата Владата на СДСМ директно се удира по истите.

Инаку, покрај еуфоричната атмосфера во комитетите и собирите на ВМРО-ДПМНЕ, победа на локалните избори предвидуваат и испитувањата на јавното мислење на граѓаните. Анкетите на институтот „Павел Шатев“ покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде до голема победа на претстојните локални избори.

37.8 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека 20.7 отсто велат дека тоа ќе биде СДСМ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Доколку следната недела има избори, гласот за ВМРО-ДПМНЕ би го дале 26.7 отсто од испитаниците, а 18.8. за СДСМ.

На прашањето, „Помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кој има подобра партиска програма (без испитаници Албанци)“, високи 49.6 проценти одговориле ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Курир

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace